ЕЛЕМ Енергетика почна со испорака на топлинска енергија

Подружницата на АД Електрани на Македонија „ЕЛЕМ Енергетика“ денеска започна со производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија на своите корисници, десет дена пред официјалниот почеток на грејната сезона.
Од АД Електрани на Македонија информираат дека греењето почна порано поради падот на надворешните температури особено во утринските и вечерните часови.
И Регулаторната комисија за енергетика потврди дека веќе се создадени услови за почеток на грејната сезона за тарифните потрошувачи приклучени на овој капацитет.
Во изминативе денови стручни екипи вршеа ладни проби на системот со цел да се отстранат евентуалните недостатоци и да се обезбеди сигурно и квалитетно снабдување со топлинска енергија на постојните корисници.
Услугите на „ЕЛЕМ Енергетика“ ги користат 3.514 домаќинства, 17 воспитно образовни институции (основни и средни училишта и детски градинки) и 75 деловни субјекти во скопските населбите Железара, Автокоманда, Триангла, Маџари и Хиподром.
- Со почетокот на грејната сезона, потрошувачите сите потребни информации ќе може да ги добијат во канцеларијата за односи со јавност, лоцирана во управната зграда на ЕЛЕМ Енергетика, а за дефекти или рекламации, може да ги користат телефонски броеви 3104 816 и 3104 872, се наведува во соопштението од АД Електрани на Македонија.
Ново на Сител
-

Македонска државјанка се удави на Халкидики
-

ФФМ: Штетатa нанесена на ФФМ од 2015 година до 2019 година e повеќе од 2,5 милиони евра
-

Јаневска: Годинава се исплатени над пет милиони денари годинава за учество на меѓународни натпревари на ученици
-

Мицкоски: Вративме 4,6 милијарди евра стари долгови, проектираме економски развој
-

Штипска Апелација ја укина казната доживотен затвор за Стојанче Зарков, предметот се враќа во Основниот суд
-

Опожарена куќа во Бутел, нема повредени
-

Со „мерцедес“ бегал од полиција, удрил во дрво и избегал - во возилото биле пронајдени 12 мигранти
-

Мажите во Македонија во просек умираат на 72.2 години, а жените на 76.6
