„Експрес“: Ердоган сака атомска бомба

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган сака да се стекне со атомска бомба, пишува денеска грчкиот весник „Димократија“, повикувајќи се на британскиот весник „Експрес.
Според весникот, Ердоган сака да ја претвори Турција во нова нуклеарна сила и тој има таен план за нуклеарна бомба во момент, кога односите со ЕУ се критични.
Ова предупредување било упатено во весникот „Експрес“ од турскиот новинар Абдула Бозкурт.
Во написот се тврди дека луѓе блиски до опкружувањето на Ердоган, кои имаат влијание врз неговите одлуки, изјавиле дека турскиот претседател веќе ја разгледал можноста за стекнување со атомска бомба.
Стравувањата на турскиот новинар се потвдени и од Ајкан Ердемир, турски експерт од американската фондација за заштита на демократијата и поранешен член на турскиот Парламент.
Тој изјави дека Ердоган имал голема желба да ја претвори Турција во нуклеарна сила, но немал можност тоа да го направи.
Според него по неуспешниот преврат плановите на Ердоган се осуетиле.
- Турција страда од недостиг на финансиски ресурси, а исто така и од недостиг од персонал за еден толку скап и високотехнолошки експеримент, изјави експертот.
Ново на Сител
-

Двајца загинати во голем пожар на грчкиот остров Саламина
-

Кристијано Роналдо ја игра последната сезона
-

„Вардарис“: Притвор за осомничен за транспорт на 324 кг марихуана
-

Папата повикува на прекин на насилството врз Палестинците на Западниот Брег
-

Пожар на селото Вржале, за утре планирана воздушна интервенција
-

Активни пет пожари, три под контрола, регистрирани вкупно 14 пожари
-

Израелски министер се залага за убивање десетици Палестинци дневно: Тие луѓе не се достојни за живот
-

Приведени четири лица за нарушување на јавен ред и мир во Кочани
