Египетски милијардер води преговори за купување два грчки острови на кои ќе насели бегалци од Сирија

Египетскиот милијардер Нагиб Сауирис вчера соопшти дека води преговори за купување на два грчки острови, на кои ќе насели илјадници бегалци од Сирија и од други конфликтни зони.
На почетокот на септември богатиот египетски бизнисмен предложи на Грција и Италија да купи од нив острови, на кои ќе бидат прифатени мигранти. - Ќе им создадам работни места, така што ќе се вклучат во економијата на нивната нова држава, објави Сауирис на „Твитер“.
Од почетокот на годината над 430.000 лица, главно од Сирија, го минаа Средоземно Море, бегајќи од сиромаштија или од конфликтите во своите земји со надеж да стигнат до Европа, покажуваат податоците на Меѓународната организација за миграција.
- Разгледувам два острови во Грција и сега водам преговори со нивните сопственици. Подготвени сме да преговараме со нив, под услов грчката Влада да даде согласност таму да бидат прифатени што е можно повеќе бегалци. Очекуваме зелено светло од Грција, за да почнеме со неопходните административни постапки за прифаќање на бегалците, нагласи Сауирис.
Сауирис ќе се сретне со претставници на Високиот комесаријат за бегалци на ОН, со цел да разговараат за можни форми на соработка.
Ново на Сител
-

На ГП „Богородица“ и „Дојран“ се чека околу 40 минути за излез од државава
-

Националното разузнавање на САД објави тајни документи за Ковид-19: Народот заслужува да ја знае вистината
-

Денеска попладне во Скопје ќе се одржи Парада на гордоста
-

Зеленски му се закани на Лукешенко: Имате една недела или ќе преземеме акција
-

САД и Иран ги продолжуваат мировните преговори во Швајцарија
-

Tоварен воз падна од мост во Минхен
-

Сончево и топло време со мала до умерена облачност и слаб до умерен северен ветер
-

Израел изврши напад во јужен Либан по стапувањето во сила на прекинот на огнот, јавува ННА
