Едукативен прирачник посветен на децата со Даунов синдром
Едукативен прирачник во вид на приказна за деца со Даунов синдром денеска беше презентиран во основното училиште „Јан Амос Коменски“. Автор на сликовницата е Мимоза Петревска Георгиева, мајка на ученичката Илина, која е со Даунов синдром и е главен лик во приказната.
Сликовницата е инспирирана од секојдневниот живот на Илина, особено од оној дел којшто таа го поминува во училиште и од односот со нејзините соученици и наставници.
Целта е да се олесни воспитно – образовниот процес на децата со Даунов синдром и лицата со посебни потреби и тие на полесен начин да се вклучат во наставата.
На презентацијата присуствуваше и градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев, кој најави дека ќе продолжи поддршката за унапредување на статусот на лицата со посебни потреби.
Во основното училиште „Јан Амос Коменски“ е отворена и првата сензорна соба (просторија за деца со посебни потреби), со што се овозможува нивна полесна адаптација. Во текот на следната недела, како што најави градоначалникот Богов, сензорна соба ќе биде отворена и во основното училиште „Димо Хаџи Димов“, во Влае.
Ново на Сител
-

Големиот пожар кај Струмица е ставен под контрола
-

Сиљановска-Давкова ги додели наградите на победниците на 39. Охридски пливачки маратон
-

Ангелов: Ова е еден од најтешките денови, активни се над 15 пожари на отворен простор
-

Во гаснењето на пожарот кај Струмица се вклучи и еден ер трактор
-

Ѓорѓиевски: Запуштениот тревник на плоштад ,,Македонија” станува мала зелена оаза
-

СВР Скопје и ДЗС со превентивна акција за заштита од пожари во Чучер Сандево
-

Уште еден смртен случај од западнонилска треска, вкупно пет починати досега
-

Кривична пријава против Латвиец за криумчарење мигранти

