Едночасовен протест на дел од болничкиот персонал во Гостивар
Членовите на Независниот синдикат на државната администрација кои работата во општата болница „Ферид Мурад“ одржаа едночасовен протест од кој побараа повисоки плати и исполнување на колективниот договор.
Првиот човек на НСДА, Горан Ристески кој дојде да ги поддржи колегите синдикалци, напомена дека зголемувањето на платите и нивното усогласување треба да бидат согласно Законот за минимална плата, да се предвиди исплата на бенефициран стаж согласно правилник за утврдување на работните места.

- Се јавува егзодус на медицинскиот и помошниот персонал. Тие заминуваат во потрага по повисока плата, на понедоговрни и поценети работни места. Проблем се и неквалитетните преквалификации кое создава непрофесионалност. Бараме и изедначување на бенефициран стаж на медицинските екипи итната помош. Ако продолжи ваквиот тренд, ќе нема кој да пружа здравствени услуги, рече претседателот на НСДА, Горан Ристески на протестот во Гостивар.
Медицинскиот персонал со протестниот слоган порачаа дека сакаат „европски плати“ а трудот да им биде ценет и третиран според одговорностите кои ги имаат на работните места.
– Во однос на платите како медицинари сме понижени, споредено со одговорностите и обврските кои ги имаме кон пациентите, медицинарите се присилени да го баталат белиот мантил и да си одат, да работат било каде, во маркет или бутик каде имаат помалку одговорности и поголеми плати, рече кажа Џеват Салиу претседател на огранокот на независниот синдикат во кој членуваат една третина од вработените во гостиварската болница.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Дата центрите се иднината, најсовремените се со воздушно ладење, жалам што постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век
-

САД и Данска постигнале напредок во спорот околу Гренланд, договорот ќе се потпише следната недела во Њујорк
-

Челзи претрпе тежок пораз од Брентфорд во Премиер лигата
-

Мицкоски: Преку Македонија, Александрополи ќе се поврзе со Европа, ги договараме Чебрен и Галиште, се менува геостратешката положба на земјата
-

Трамп: Русија со години ги напаѓа сојузниците на Украина
-

Пентагон објави нови документи за НЛО
-

Променливо облачно со услови за слаб локален дожд
-

Ѓорѓиевски: БРТ e едно од повеќето функционални решенија зa градскиот сообраќај, над 520 паркинг места кај Клиничкиот центар
