-->
-->
Една жртва во поплави во северна Грција
-->

Еден 47-годишен маж загина во поплава што го погоди Серес, северна Грција.
Мажот бил во својот автомобил и возел покрај надојдена вода во областа Сидирокастро, но водата го повлекла неговото возило по што тој се удавил. Спасувачките екипи го пронашле возилото во длабока кал.
Повеќе делови на Грција од саботата се соочуваат со обилни врнежи дожд кои предизвикаа поплави и излевање на реки во повеќе делови на земјата.
Метеоролозите за денеска најавуваат врнежи од снег во северните и централните делови на Грција, во Атина се очекува да врне лапавица, а на околните планини снег.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Трамп: Русија со години ги напаѓа сојузниците на Украина
-

Пентагон објави нови документи за НЛО
-

Променливо облачно со услови за слаб локален дожд
-

Ѓорѓиевски: БРТ e едно од повеќето функционални решенија зa градскиот сообраќај, над 520 паркинг места кај Клиничкиот центар
-

ОН документира сексуално насилство и тортура извршени од руските сили во Украина
-

ЦУК: Нема активни пожари, еден под контрола
-

Македонската кикбокс репрезентација опатува на Светското јуниорско првенство во Лидо, Италија
-

Почина Томче Филиповски, поранешен легендарен фудбалер на скопски Работнички
