Еди Рама си ја препиша заслугата за носењето на Законот за јазиците во Македонија

Премиерот на Албанија, Еди Рама, го оцени усвојувањето на законот за употреба на јазиците во Република Македонија како голем настан, кој што пред неколку години не можел ни да се замисли. За време на конференцијата на Младинскиот форум на неговата Социјалистичка партија, тој изјави дека за изгласувањето на овој закон заслужна е неговата Влада, која имала сериозен пристап кон односите со Македонија.
„Пред неколку дена, во Македонското собрание помина законот кој не можеше ни да се замисли пред некое време. Јас ви велам дека сите вие треба да бидете горди, треба да бидат горди сите тие што гласаа, ја поддржаа и веруваа во оваа партија, бидејќи без неа денеска немаше да постои официјален албански јазик во Македонија“, изјави албанскиот премиер Еди Рама.
Рама изрази надеж дека Албанија нема да биде сама во европското семејството, туку заедно со другите земји од Балканот, како што рече, каде што најмногу живеат Албанци. Од друга страна, претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов веќе трет ден молчи во врска со законот за јазиците. Единственото нешто што го потврдија од кабинетот на претседателот е тоа дека тој неговата одлука ќе ја соопшти во рамките на предвидениот рок.
Ново на Сител
-

Лавров не ја гледа ЕУ како соодветен партнер за мировни преговори
-

Поранешните директори на Онкологија Васев и Нухи излегуваат од притвор, прифатена гаранцијата со хипотека на имот
-

Повторно судири меѓу Израел и Хезболах во Либан, загрозен мировниот договор меѓу Иран и САД
-

Белгија увезува повеќе руски гас од пред војната, независно санкциите на ЕУ
-

Провери пред да купиш: АЕТМ објави ажуриран Регистар на е-трговци за превенција од измами
-

Минчев: Има ли Македонец кој ќе прифати дека Гоце Делчев не е Македонец?
-

Откажани преговорите меѓу САД и Иран во Швајцарија
-

Јавна расправа по Предлог-законот за игрите на среќа и за забавните игри
