Еден починат, 119 заразени и 154 излекувани од Ковид-19 во последните 24 часа во Косово

Во Косово во минатото деноноќие, за разлика од минатите петнаесетина дена, кога главно имаше, во просек, по десетина жртви на Ковид-19, е регистриран само еден смртен случај на лице заразено од новиот коронавирус.
Вклучително последниот случај, од појавата на заразната болест, според косовските здравствени власти, досега во земјата починале 499 заболени од Ковид-19.
Во лабораторијата за молекуларна микробиологија на Националниот институт за јавно здравство (ИКШПК) и овластените приватни клиники, според методот РТ-ПЦР вчера се тестирани 480 лица (49.757 од почетокот на пандемијата), од кои позитивни на новиот вирус резултирале 119, со што вкупната бројка на заразени се искачи на 13.100.
Во изминатите 24 часа се евидентирани и 154 излекувани, така што бројот на лица кои ја совладале болеста достигна до 9.239.
Активни носители на вирусот во Косово, според официјалните податоци на ИКШПК, се 3.362 лица.
Ново на Сител
-

Лавров: За секоја акција постои реакција
-

Мицотакис: Од 27 барања на земјоделците, само седум не можат да се исполнат
-

Намалена видливост поради магла на неколку патни правци низ државава
-

Расчистена тешка кражба во Гостивар - приведени три лица, пронајдени украдени пари и злато
-

Успешно завршени градежните активности за целосна демонтажа на стариот радар на Меѓународниот Аеродром Скопје
-

Мбапе го израмни рекордот на Роналдо за голови постигнати за Реал Мадрид во една календарска година
-

Прочистувачи во градинките во општина Кисела Вода
-

Денеска календарски ни започнува зимата и е најкраткиот ден во годината
