Џони Деп: Го допрев дното
Актерот Џони Деп во интревју за списанието „Ролинг стоун“ прв пат соопшти детали за банкротот, пороците и животот по разводот.
За време на интервјуто Деп пушел мешавина од тутун и марихуана, а новинарот на „Ролинг стоун“ забележува дека испил и поголемо количество вино.
- Не е точно дека трошам 30.000 долари на вино, трошам многу повеќе, истакнува актерот во интервјуто.
Тој признава дека исклучително многу страдал по разводот со Амбер Хард.
- Паднав најниско што можеше да се падне. Следнот чекор беше некаде да се замине со отворени очи, а да се вратам со затворени. Навистина не можев да ја поднесам болката, потенцира Деп.
Актерот открива, дека за време на турнејата со неговата музичка група, започнал да пишува мемоари на стара машина за пишување.
- Секогаш сум сакал да правам само добро и мислам дека тоа и го работев. Немав претстава во каква ситуација сум, се додека едно утро не седнав на машината за пишување. Навечер очите ми беа насолзени и не можев дури ни да го прочитам текстот, наведува актерот.
Во периодот по разводот Деп остана без неговите пари, а истакнува дека не можел да ја процени тежината на ситуацијата додека не изгубил се.
Ново на Сител
-

Авион на Квантас бил пренасочен откако патник каснал член на екипажот
-

Македонските ракометари по заверка на пласманот за Светското првенство
-

СЗО прогласи вонредна состојба поради епидемијата на ебола во ДР Конго и во Уганда
-

Најмалку тројца загинати при напади со дронови врз Москва и околината
-

Претседателката Сиљановска-Давкова во официјална посета на Република Словенија
-

Мицкоски на пуштање во употреба на нов градски пазар во Општина Виница
-

Во Виена приведени 14 луѓе поради учество во пропалестински протест
-

Бугарската пејачка Дара победи на Евровизија со песната Бангаранга
