Џон Мекејн: Сојузниците на САД се збунети од постапките на претседателот Трамп

Сенаторот од Аризона, републиканецот Џон Мекејн изјави во Вашингтон дека американските сојузници се „честопати збунети“ од постапките на претседателот Доналд Трамп.
Во интервју за Си-Ен-Ен, Мекејн рекол дека се создава целосна конфузија кај соузниците, од измешаните пораки и разногласните информации, што Белата куќа ги пласира во јавноста, за надворешната политика.
„Затоа, сметам дека , понекогаш, е потребно повеќе да се гледа на тоа што го прави претседателот, отколку на она што го зборува„- рекол сенаторот Мекејн.
Како пример за тоа се посочува случајот со носачот на авиони на САД, за кој Трамп прво рече дека една американска борбена група плови кон водите на Јужна Кореја, за да подцна се тврди дека бродовите на се движат во таа насока.
Според овој републикански сенатор, тој не би можел да им гарантира на политичките лидери во светот дека претседателот Трамп секогаш ги слуша лугето од неговиот тим за безбедносни прашања, за кои Мекејн вели дека „извонредни луге„.
Во интервјуто сеаторот го споменува и најновиот случај на такво „разногласие„ околу новиот против-ракетен систем што САД го инсталираат во Јужна Кореја, како брана и заштита за забразаната ракетна надградба на ракетните сили на режимот во Пјонгјанг.
Различните изјави се појавија околу тоа кој ќе ја плати цената за системот, што посредно треба да ги заштитува и Американците.
Еден од високите советници за одбрана во Сеул ги уверувал Јужнокорејците дека антиракетниот систем ќе се инсталира на трошок на САД, за да набргу потоа, Трамп, во разговор за една новинска агенција рекол дека системот ќе го плати владата на Јужна Кореја.
Таквата контра изјава во дел од медиумите во САД , подоцна, се објасни со заложбите на Трамп, во текот на предизборната кампања дека оние кои сакаат да ја имаат американската заштита ке мора да платат за тоа, при што посебно беа споменувани Јапонија и Јужна Кореја.
Ново на Сител
-

Гвардиола: Задоволен сум од тоа како Сити играше против Брајтон
-

Сабаленка се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Бризбејн
-

Трамп со декрет ги повлекува САД од 66 меѓународни организации
-

На Попова Шапка 31 сантиметар снег, најмногу дожд во Крушево, Охрид и Претор
-

Фулам поднесе жалба за голот од „офсајд“ на Ливерпул
-

Барселона прв финалист на шпанскиот Суперкуп
-

Милан го продолжува договорот со голманот
-

Галатасарај се подготвува за трансфер од Премиер лигата
