-->
-->
Џикиќ нов тренер на КК Партизан
-->

Поранешниот селектор на македонската репрезентација, Александар Џикиќ (44), ќе биде новиот тренер на кошаркарскиот клуб Партизан, неофицијално дознава Б92. Истиот извор дополнува дека клубот во текот на денот ќе му врачи отказ на Петар Божиќ и ќе го назначи Џикиќ за нов тренер.
Божиќ, кој минатата недела ја доби поддршката од клубот ќе добие отказ поради поразот во понеделникот од Сутјеска, во Никшиќ (82:71). Овој пораз го турна Партизан на делба на последната позиција во АБА лигата, заедно со екипите на Игокеа и Сутјеска.
Џикиќ, во минатото бил дел од Партизан, во периодот од 1999 до 2005 година тој му беше помошник на Душан Вујошевиќ. Во наведениот период, тој беше и на ‘специјализација’ во Минесота, каде работеше како асистент две години.
Прв предизвик како самостоен тренер му беше Олимпија во 2008 година, а потоа со тимот на Крка го постигна најголемите успеси, успеа да освои три шампионски титули во Словенија и да триумфира во ФИБА Еврочелинџ купот.
Една сезона беше тренер на Лијетувас Ритас, а потоа повторно се врати во Крка.
Џикиќ во 2014 беше именуван за селектор на македонската репрезентација. Во неговиот мандат успешно беше изведена смената на генерации. Џикиќ со Македонија низ квалификациите избори пласман на ЕП, но не доби шанса да ги води ‘црвено-жолтите’ на континенталното првенство, откако на неколку дена пред стартот на подготовките МКФ реши да го раскине договорот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Уапсен 36-годишник, превезувал над 1000 парчиња криумчарена стока | ФОТО
-

Од Прилеп и Мариово до светскиот пазар – македонскиот рубин тргнува во меѓународна промоција
-

Герасимовски: Уште едно ветување, исполнето – Центар прва во државата со дигитален увид во бучавата
-

Мицкоски од Вашингтон: Европската интеграција мора да се темели на реформи и заслуги, Македонија нема да чека
-

Сорос подарил 74% од своето богатство, Безос помалку од 5%: Колку навистина донираат најбогатите Американци
-

Венецуела е се поблиску до договор за префрлање над 4 милијарди долари резерви на злато во Њујорк
-

Продолжува судењето за „Државна Лотарија“, поранешниот директор Бајрами на обвинителна клупа
-

Фон дер Лајен: ЕУ ќе продолжи да ја поддржува Украина
