Џеф Безос се уште е најбогат човек на светот

Безос во 2019 година се разведе после 25 години брак, а со сопругата Макензи Безос се договорија да и останат четири проценти од уделот во гигантот кој се занимава со онлајн малопродажба. Така, Макензи Безос доби околу 37 милијарди долари и се најде на 25-то место на најбогати.
Според индексот за милијардери на Блумберг, кој следи 500 најбогати луѓе на светот, на второ место е основачот на Мајкрософт Бил Гејтс со 113 милијарди долари.
На трето место е Бернар Арно со 105 милијарди долари. Арно е најбогат Французин и генерален директор на LVMH кој ја контролира речиси половина од познатиот француски моден синџир во чија групација, освен Луј Витон се и други познати брендови.
Потоа следува американскиот инвеститор Ворен Бафет со 89,3 милијарди долари, а на петто место е основоачот на Фејсбук Марк Закерберг со 78,4 милијарди долари.
Ново на Сител
-

Почина Владо Јаневски
-

Пет активни пожари на отворен простор, соопшти ЦУК
-

Путин: Русија минува низ тежок период, но ќе ги надмине сите закани
-

Уапсени 14 возачи за безобѕирно управување возило
-

СЗО: Над 1.300 луѓе починаа поради топлотниот бран во Европа
-

Осум пожари на отворено во текот на денов, три сè уште активни
-

Кривична за 42 годишна жена, ги оставала своите деца да спијат во нејзиното возило додека била на работа
-

ЈО: Насилна е смртта на жената од Таор, за убиството осомничен поранешниот сопруг
