Џафери: Ќе се зголеми транспaрeнтноста во работата на Парламентот

Актуелното парламентарно мнозинство наскоро ќе одбележи 100 дена од своето работење и функционирање. Ова парламентарно мнозинство поаѓајќи од своите уставни и деловнички права и обврски, искрено и одговорно работи на враќање на парламентарната демократија во Собранието како институција, истакна денека претседателот на Собранието Талат Џафери.
Зборувајќи на панел дискусијата за отвореност и транспарентност на парламентите од Западен Балкан на која беа претставени насоките за секоја држава како прв чекор кон поголема кампања за застапување која ќе промовира отвореност и добро владеење што се одржува во Собраниетово рамки на проект на Вестминстер фондацијата за демократија, Џафери истакна дека една од неговите приоритетни задачи е токму јакнењето на транспарентноста на работата на Парламентот, на пратениците и собраниската админитрација. Во таа насока поочи на можноста граѓаните да бидат присутни и да ги следат обраниските седници, а се планира и, како што кажа, нова димензија на Собранискиот канал и унапредување на на веб-страницата на Собранието.
Остварувањето на транпаретноста и отчестноста, како еден од основните принципи на парламентарната демократија, зависи од нормативното уредување и од технолошката опременост меѓутоа, според Џафери најмногу зависи од политичката волја и одговорноста на опозицијата, но и од активностите на невладиниот сектор и воопшто од политичката култура која преовладува во општеството.
Панел дискусијата претставува втор настан за застапување во рамки на проектот Аction SEE на Вестминстер фондација за демократија, како и прва официјална презентација на насоките кои ги подготви проектниот конзорциум. Насоките беа презентирани од секој од проектните партнери од шест држави од Западен Балкан.
Покрај претставниците од граѓанските организации од регионот кои се дел од проектот, на панел дискусијата присуствуваат и пратеници од парламентите на Македонија, БиХ, Република Српска и Црна Гора, граѓански организации кои работат на активности поврзани со Собранието, претставници на меѓународни организации и амбасади во Македонија.
Ново на Сител
-

Најмногу врнежи во Маврови Анови, на Попова Шапка 43 сантиметри снег
-

Силна бура во Газа уништи илјадници шатори на раселените семејства
-

До 15.30 часот во Гостивар, Врапчиште, Маврово - Ростуше и Центар Жупа гласале 242 болни или немоќни лица од пријавените 249
-

Серија пријави за семејно насилство во Скопје, Делчево и Штип за едно деноноќие
-

На ГП „Блато" приведен албански државјанин баран со меѓународна потерница
-

Лажно се претставил како лекар и измамил 67-годишна жена за 12.400 евра.
-

Макрон, Мерц и Стармер го осудуваат „убиството на демонстранти“ во Иран
-

ЦУК: Обилните врнежи од дожд предизвикаа одрони, свлечишта и поплави на повеќе места во државава
