-->
-->
Двојно зголемени казни за модуларната во Тетово
-->

Апелацискиот суд во Гостивар, двојно ги зголеми казните затвор за обвинетите за пожарот во тетовската модуларна болница. Наместо по една и пол година, двајцата поранешни директори на болницата, Флорин Бесими и Артан Етеми, според одлуката на повисокиот суд, ќе треба да издржуваат затворските казни во траење од по три години.
Во одлуката, гостиварска апелација наведува дека изречените кривични санкции биле во согласност со степенот на кривична одговорност на обвинетите, тежината на кривичното дело, последиците, односнот смртта на 12 пациенти и двајца нивни роднини. На Етеми и Бесими им се судеше по вторпат, а обвинети беа за тешки дела против општата сигурност запожарот во тетовската ковид болница.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

По промените, Филипче бара ревизија на договорите на Мицкоски со Орбан
-

Вицепремиерот за европски прашања очекува позитивен извештај од ЕК
-

Предметот „Талир 2“ доби нов јавен обвинител
-

Поранешната антикорупционерка Димитровска не се чувствува виновна
-

МВР најави 24 часовен „радарски маратон“
-

Го киднапирале, со пиштол му се заканувале да признае наводно силување, ОЈО бара притвор за двајцата грабнувачи
-

Последни подготовки за вежбата „Блесок 26“ – ќе успеат ли припадниците на Армијата да го положат овој важен тест?
-

Борба против корупцијата и меѓу своите редови, најави директорот на Царина
