Две нови возила за интерклинички транспорт на пациенти во комплексот клиники „Мајка Тереза“
Две нови специјално модулирани возила, соодветно опремени и климатизирани за интерклинички транспорт на пациенти во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, со кои ќе се придонесе за подобар нивен третман, набави Министерството за здравство.
Целта на оваа набавка, соопштија од Министерството за здравство, е да се обезбеди квалитетен пренос на пациенти, нивна заштита од надворешните временски влијанија, како и третман на нивното здравје и нега при транспортот.
Дополнително, со користењето на двете нови возила за транспорт се обезбедува здравствена заштита и заштита на приватноста на пациентите при транспортот. Реализацијата на оваа набавка значи дека пациентите нема повеќе да се пренесуваат физички, на носилки од една до друга клиника. Возилата се дел од Службата за заеднички работи, ќе се користат за транспорт на пациенти од една до друга клиника и ќе бидат користени исклучиво во рамки на комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, стои во соопштението
Ново на Сител
-

Мицкоски: Високата поддршка во анкетите е резултат на работата и реформите
-

Мицкоски: Некои политички партии од страв од пораз на следните парламентарни избори, го бојкотираат донесувањето на измените на Изборниот законик
-

Скопјанец обљубил малолетничка и го снимал сексуалниот чин, па се обидел повторно
-

Приведен 15-годишник од Велес, украл возило и со него удрил во бетонски ѕид
-

Нов состав на Универзитетскиот сенат на УКИМ, за претседател со една година мандат е избран проф. Владо Бучковски
-

Украина нападна трафостаници во Крим, полуостровот остана без електрична енергија
-

Пронајдени 116 грама хашиш, лишено од слобода едно лице
-

Победници во двојки на Macedonian Open 2026 се Марковски и Србљак
