Две дрски кражби во Штип и Кочани

СВР-Штип регистрира две дрски кражби, една во Штип, а втората е во кочанското комунално претпријатие.
Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панјотова информира дека 81 годишната Р.Ј. од Штип вчера попладнето пријавила како едно лице со употреба на сила ја отворил влезната врата од нејзината куќа на улицата „Личка“ во Штип, влегол внатре, ја турнал, по што и одзел златен накит и побегнал.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Во Полициската станица Кочани, вработен во Јавното комунално претпријатие „Водовод“ Кочани пријавил дека ноќта непознат сторител со употреба на сила и подесен алат влегол во барака „Зеленило“ на улица „Никола Карев“ во Кочани, сопственост на ЈП „Водовод“, при што одзел пет моторни косачки и една моторна пила. Панајотова вели дека се работи на расчистување и на овој случај.
Ново на Сител
-

ФФМ покрена дисциплинска постапка против Вардар за недоличната прослава на титулата
-

Два големи шумски пожари горат во јужна Калифорнија
-

Илон Маск ја загуби тужбата против „ОпенАИ“ и извршниот директор Сем Алтман
-

Македонец шверцувал 850 грама златна плочка во кондура на Богородица | ФОТО
-

Ешбурн, град што го поврзува светот
-

Николоски на „Фејсбук“: Одлична вест за македонските транспортери
-

Приведен дилер од гостиварско за издржување затворска казна, спроведен е во затвор за издржување на казната
-

Руската армија најави тридневни воени вежби за ракување со нуклеарно оружје
