Двајца скопјани добија кривична пријава за тешка кражба

Секторот за внатрешни работи Скопје до скопското Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против скопјаните И.Р. (28) и З.Ф. (31), поради постоење основи на сомнение дека извршиле кривично дело - „тешка кражба“, предвидено и казниво по Кривичниот законик на Република Македонија.
Како што соопшти полицијата, З.Ф. бил на издржување казна затвор во Казнено поправниот дом Идризово, а делото го извршил кога имал право на дневен излез од затвор. На 13-ти минатиот месец, околу 8:40 часот И.Р. и З.Ф. се движеле пеш по улица „Московска“ и забележале како пред Тобако се паркирало патничко возило-џип “Ланд Ровер“ и оти сопственикот влегол да пазари во Тобакото, а џипот го оставил да работи. Тие ја искористиле приликата, влегле во возилото, го одзеле и побегнале во непознат правец. Сопственикот ги забележал како влегуваат во возилото и се обидел да ги спречи, се фатил за рачката од совозачката врата за да ја отвори, но пријавените успеале да побегнат.
Веднаш по добивање на пријавата, како што стои во соопштението, била почната потрага и возилото со пријавените било забележано и следено од Скопје до село Ласкарци. По пристигнување во селото Ласкарци, И.Р. и З.Ф. ја намалиле брзината, скокнале од возилото и избегале. Возилото му било вратено на сопственикот, а со направените ДНК и други вештачења било утврдено дека И.Р. бил учесник во настанот. Тој во целост го признал и појаснил извршувањето на кривичното дело.
Од Казнено поправната установа Идризово, во Полициската станица Карпош бил донесен З.Ф., кој бил препознаен од оштетениот, информираат од полицијата.
Ново на Сител
-

Обвинителството бара забрана насилниците да се приближуваат на 12-годишната жртва на насилството во Аеродром
-

Охриѓанец возел со 2,41 промили алкохол во крвта
-

Ограбен сеф во банка кој го имала закупено 61-годишна жена
-

Во мај 340 одобренија за градење, 229 се за високоградба, предвидени 840 станови
-

Седум лица уапсени - вкупно девет пријави за семејно насилство во изминатото деноноќие
-

Уапсени три лица за експлозиите во Солун во кои загина едно лице
-

Безбеден град се воведува и во Дебар
-

Општина Струга подготвува Градска плажа
