Двајца од седумте хоспитализирани со западнонилска треска се во критична состојба, за уште тројца други се чекаат резултати

Двајца пациенти на возраст од 76 и 66 години од седумте хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести со западнонилска треска, се во критична состојба и се на механичка вентилација на одделот за интензивно лекување, изјави попладнево директорот на Клиниката, Фадил Цана, кој рече дека дополнително за уште тројца пациенти, кои се примени со дијагноза акутно заболување на мозокот и мозочната обвивка, во текот на денов се чекаат лабораториските резултати од Институтот за јавно здравје.
Тој посочи дека сите седум пациенти се од неколку населби од Скопје, а само еден од нив патувал во Грција. Тројцата за кои дополнително се прават анализи за да се утврди дали го имаат вирусот, појасни Цана, исто така се од Скопје.
- Значи седум се потврдени и кај тројца постои големо сомнение дека може да се работи за истата инфекција. Шеесет и шестгодишниот пациентот е хоспитализиран на 26 јули и поради влошување на неговата здравствена состојба и според проценка на лекарите од одделот за интензивна нега, е интубиран и поставен на механичка вентилација. Тој не патувал надвор од државата и има многу коморбидитети. Сите други пациенти се на возраст над 60 години и со многу коморбидитети, Тие се стабилни се и се лекуваат според сите современи медицински протоколи. Таа возрасна група е изложена на најтешката инвазивна форма на вирусот, посочи д-р Цана.
Во врска со тоа дали кога лица со вирусот ќе бидат хоспитализирани на Инфективната клиника можеби во стабилна состојба може понатаму да дојде до нејзино влошување, рече дека апсолутно може да дојде до влошување на нивната здравствената состојба и дека не може никој да го процени како вирусот ќе дејствува во организмот.
- И затоа стручна проценка на инфектолозите е дека треба да се хоспитализираат, да се следат и да се мониторираат. Со оглед на тоа што се работи за заразно вирусно заболување, за кое според сите светски протоколи, се знае дека нема некој специфичен лек, туку се третираат симптомите (супортивна поддршка), доколку нивната здравствена состојба се влошува, се постапува според сите светски современи протоколи на лекување на ваков вид заболување. Од сите седум случаи, само едно лице патувало во Грција, а сите други се од неколку населби во Скопје. Клиниката за инфективни болести останува отворена за згрижување пациенти и е во целосна координација со надлежните здравствени власти. Граѓаните треба да ги следат препораките од надлежните служби, додаде д-р Цана.
МИА
Ново на Сител
-

Турција, Пакистан и Саудиска Арабија формираат воено-политички механизми во рамките на новиот одбранбен пакт
-

13 лица повикани на информативен разговор поради ширење на лажни информации за водата во Скопје
-

Евакуации по морски пат од плажата во Сивири поради големиот пожар | ВИДЕО
-

Предметот против против Груби и уште седуммина за „Државна лотарија“ почнува на 24 август
-

Пожар на првиот крак на Халкидики – пораки од бројот 112 за евакуација на Сивири и Фурка
-

Нов топлотен бран во Европа: Над 340 милиони луѓе под влијание на температури над 30 степени
-

Вложуваме во заедницата кога е најпотребно: Flex Credit донираше 10 тони вода за вработените, клиентите и жителите на Гостивар
-

ЦУК: Девет активни пожари на отворен простор до 13 часот, два се под контрола, а два изгаснати
