Двајца млади тешко повредени во сообраќајка со мопед во Скопје

Вчера во 13,40 часот во во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на улица „Александар Урдаревски“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Рено Клио“ со скопски регистерски таблици управувано од М.М.(30) од Скопје и Мопед „Јијинг“ со скопски регистерски таблици управуван од Ј.А.(25) од Скопје.
Во незгодата со повреди се задобиле возачот и сопатничката на мопедот Н.И.(19) кои со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Комплекс клиники “Мајка Тереза“ каде кај Ј.А. од страна на лекар биле констатирани телесни повреди додека кај Н.И. биле констатирани тешки телесни повреди и била задржана на понатамошно лекување.
Извршен бил увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на случајот.
Ново на Сител
-

Сообраќајка помеѓу два електрични тротинети во Скопје управувани од 62-годишна жена и малолетник
-

Куманово: Тешко повреден малолетник во сообраќајка
-

ФЕД го назначија Пауел за привремен претседател се додека Ворш не положи заклетва
-

На досегашниот началник на белградската полиција му е одреден 30-дневен притвор
-

Хигиеничар во основно училиште во беровско село снимал ученици со мобилен телефон
-

Ѓорѓиевски: После 30 години решени имотно-правните односи, се довршува булеварот „Борис Трајковски“ кон Драчево, Зелениково, Студеничани...
-

Путин во официјална посета на Кина на 19 и 20 мај
-

Претседателот Абас во писмо до ОН бара повлекување на Израел од Газа и формирање палестинска држава
