Македонија
22. July 2022 - 11:21

Двајца Косовари „оперирале“ на кочанскиот пазар: Краделе пари и други предмети од чанти

Полициски службеници од Полициската станица Кочани вчера ги лишиле од слобода Б.А.(54) и С.С.(63), двајцата од Република Косово. Тие биле затекнати и фатени на Градскиот пазар во Кочани при извршување „тешки кражби“ на дрзок начин, односно при одземање пари и други предмети од чанти на неколку лица.

- Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопствениците, а лицата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, информира МВР.