Двајца браќа уапсени во Белгија за планирање терористички напад
![]()
Двајца браќа, припадници на локалната муслиманска заедница, се уапсени во Белгија под обвинение дека планирале терористички напади.
Браќата Нуредин Х. (33) и Хамза се уапсени во рамки на една поширока антитерористичка операција, по извршениот претрес во куќи во реонот на Монс и на градот Лиеж.
Во соопштението на белгиското обвинителство се вели дека во текот на операцијата не било откриено оружје или експлозивни направи.
На територијата на Белгија и натаму е во сила безбедносната тревога, воведена по терористичките напади од март оваа година.
Во нападите врз аеродромот во Брисел и локалното метро беа убиени 32 лица, а повеќе десетици беа полесно или потешко повредени.
Овие два напада беа поврзани со џихадистите од Исламска држава (ИД), но во денешното соопштение на белгиското обвинителство не се споменува дали двајцата уапсени биле во некаква врска со милитантната исламистичка група.
Мерките за безбедност во Белгија беа особено зајакнати пред 21 јули, Националниот празник во земјата, стравувајќи од можно повторување на нападот во Ница, на 14 јули.
Ново на Сител
-

Арсенал до финалето без пораз, ПСЖ постигна 44 голови
-

Тошковски: Силни институции значат сигурни граѓани, а полицијата е тивката сила на државата
-

Медведев: Доколку Германија се приближи до поседување нуклеарно оружје - тоа би било повод за војна
-

Загреб е првиот европски град што нуди роботакси-услуги
-

Од утре променливо време со дожд и грмежи
-

Трошоците на животот во април на годишно ниво зголемени за 5.7 %, а цените на мало за 5.0 %
-

Претрес во Гостивар, пронајдена дрога, лишени од слобода две лица
-

Мицкоски: Според применетите мерки, како држава сме во првите три во Европа, тоа го потврди и ММФ
