Двајца американски војници загинаа во можен инсајдерски напад во Авганистан

Двајца американски војници се убиени и уште шестмина други се повредени во вооружен напад во авганистанската источна провинција Нангахар, соопштија американските воени власти, јави ДПА.
Полковникот Сони Леџет, портпарол на американските сили во Авганистан, денеска преку соопштение кажа дека инцидентот се случил во областа Ширзад. Лице во авганистанска униформа денеска отворило оган од автоматска пушка врз комбинираните американско-авганистански воени сили.
Повредените војници, пренесе ДПА, биле медицински згрижени во американската болница, додаде тој.
Во други извештај, меѓутоа, се укажува на престрелка меѓу авганистанските и американските сили за време на заедничка операција, што предизвикала жртви на двете страни.
-Сè уште собираме информации и причината или мотивот за нападот засега е непозната, додаде Леџет. „Инцидентот се истражува“.
Нангархар е меѓу најнемирните провинции во Авганистан, каде и талибанците и милитантите на Исламска држава имаат своите бази.
Од почетокот на 2020 година во Авганистан загинаа четворица американски војници, додека лани загинаа 20.
Во моментов во Авганистан има околу 12.000 американски војници.
Ново на Сител
-

ЦУК: Активен пожарот во Општина Арачиново, каде гори ѓубре и ниска вегетација, девет изгаснати
-

СП 2026: За два натпревара – 30.000 евра
-

Од понеделник променливо облачно и нестабилно со врнежи од дожд
-

Иран повторно ја затвори Ормуската Теснина
-

Еден пожарникар повреден при гаснење пожар во Визбегово
-

Уапсен 19-годишникот кој вчера прегази тригодишно девојче во Визбегово и избега
-

Граната од Првата светска војна пронајдена во Новаци
-

Спор меѓу Вашингтон и Рим по изјавата на Трамп дека Мелони го „молела“ заедно да се сликаат
