Дваесет и пет цивили убиени при воздушен напад врз Рака

Најмалку 25 цивили, меѓу кои и шест деца, се убиени при воздушни напади врз Рака, престолнината на самопрогласениот „Исламски Клаифат“, соопшти Сирискиот центар за мониторинг на човековите права.
- Има и десетина повредени, некои од нив се во критична состојба, дополни Центарот, без да посочи кој ги извршил нападите. Сепак се претпоставува дека тие се дело на сириските владини сили или руското Воено воздухопловство.
На 3 јуни владините сили започнаа офанзива со цел преземање на клучниот град Табка, кој се наоѓа на 50 километри од Рака, и напредуваа дваесетина километри.
Но, по контраофанзивата, џихадистите сепак успеаја да ги поразат владините сили и да ги потиснат од провинцијата Рака.
Авионите на меѓународната антиџихадистичка коалиција, предводена со САД, исто така нанесуваат воздушни напади врз позициите на ИД во Ирак и Сирија.
Ново на Сител
-

Бројните настани привлекуваат посетители
-

До септември ќе биде готов проектот за наколната населба и музејот на вода во Дојран
-

Преглед на вестите од светот
-

Изборниот законик влезе во собраниска процедура, СДСМ подготвува 10.000 амандмани
-

Ресорите поделени, имињата ќе се објавуват утре по ИК на ВМРО-ДПМНЕ
-

Измените на изборниот законик пред пратениците
-

Муцунски - Будрис: Продлабочување на соработката и подршка за европска интеграција
-

30 дена притвор за осомничениот за убиството на жената од село Таор
