Два земјотреси во реонот на Егејското Море

Два умерени земјотреси минатата ноќ се регистрирани во крајбрежни реони на Егејското Море во Грција и во Турција.
Земјотрес со интензитет од 4,2 степени според Рихтеровата скала е регистриран околку полноќ во реонот на грчкиот град Катерини, во северозападното крајбрежје на Егејското Море.
Атинскиот геодинамички институт соопшти дека еприцентарот на потресот бил на 24 километри северно од Катерини и на 300 километри северозападно од Атина.
Нема информации за жртви и предизвикани материјални штети при потресот.
Претходно, како што јави МИА, земјотес со интензитет од 5,3 степени според Рихтер доцна синоќа беше регистириран и во провинцијата Мугла на егејското крајбрежје на Турција.
Истанбулскиот сеизмолошки институт Кандили соопшти дека потресот се случил на десетина километри под површина на земјата, со епицентарот на 31 километар југоисточно од градот Мугла и бил почувствуван и во соседните окрузи.
Нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета ниту при овој потрес.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Почнаа преговорите за владина реконструкција - денеска со ВРЕДИ, утре со ЗНАМ
-

Тема на денот со Ивица Боцевски, поранешен вицепремиер за евроинтеграции
-

Обвинителството бара притвор за осуммина за проневерата на милиони во ФФМ
-

Доктор и медицинска сестра од клинички сакале да шверцуваат ботокс од Република Кореја
-

Почнаа преговорите за владина реконструкција - денеска со ВРЕДИ, утре со ЗНАМ
-

Еврометар 2026: Расте оптимизмот за демократијата и евроинтеграциите
-

Државата си прави монопол со својата лотарија, остри реакции за предлог законот за игри на срекја
