Два случаи на семејно насилство во тетовско
Две лица се приведени од страна на тетовската полиција откако се пријавени два случаи на семејно насилство, соопшти денес СВР Тетово. Настаните се случиле во две тетовски села.
-Ноќеска во 2 часот и 30 минути, 42-годишна жителка на тетовско село и нејзината 21-годишна ќерка во СВР Тетово пријавиле дека околу 1 часот, нивниот 18-годишен син и брат, кој бил под дејство на алкохол, физички ги нападнал во домот. Вчера во 18 часот, 35 годишник од тетовско Сараќино во СВР Тетово пријавил дека неговиот чичко В.Р.(65), во забележително алкохолизирана состојба, дента околу 15 часот агресивно се однесувал и ги навредувал членовите на неговото семејството, информираат од СВР Тетово.
Двајцата пријавени се лишени од слобода и задржани во полициската станица во Тетово, по што ќе следуваат соодветни поднесоци.
Ново на Сител
-

Филипче го одби Мицкоски за лидерска, тој пак не се откажува од состанокот
-

Инфлацијата лани изнесувала 4,1%, трошоците на мало зголемени за 3,6%
-

100 жители на Кичево евакуирани во спортска сала откако им беа поплавени домовите
-

Поплавени куќи и објекти во Охрид
-

Снежно невреме и поплави во целиот регион
-

Ординациите на матичните лекари полни со болни од грип
-

Преглед на вестите од светот
-

Во Кичево евакуирани околу 100 граѓани
