Дутерте: Хитлер уби три милиони евреи, јас ќе убијам три милиони наркомани

Филипинскиот претседател Родриго Дутерте ја зајакна крвавата анти-криминална реторика со споредба на масакрот на Хитлер врз милиони Евреи со неговата амбиција која би го усреќила „доколку успее да убие три милиони зависници“.
Дутерте ја даде оваа изјава во враќањето од Виетнам каде разговараше со тамошните лидери за националната борба против наркотици.
- Хитлер уби три милиони Евреи, а ние имаме три милиони наркомани. Ќе бидам среќен ако би ги убил сите, нагласи Дутерте.
Дутерте вели дека неговите јавни закани со смрт служат за да ги заплашат дилерите на дрога, да престанат да ја работат таа работа, како и да ги обесхрабрат потенцијалните корисници.
Во неговата предизборна кампања. Дутерте Вети дека ќе убие толку дилери и корисници на дрога со што ќе може „да се нахранат сите риби на бреговите на Манила“, како и дека ќе ги убие со бесење бидејќи не сака да троши електрична енергија за нив.
Додека жртвите на Хитлер биле невини луѓе, Дутерте тврди дека неговата цел е да ја „излечи“ неговата земја со убивање на криминалци, пренесува Танјуг.
Ново на Сител
-

Кривични за родители од Желино за запуштање на нивното дете
-

18-годишна девојка лажно пријавила дека со нож повредила непознато лице
-

37-годишен скопјанец приведен за измама од над 7.000 евра
-

Водата во Гостивар е безбедна за пиење, соопшти Ангелов
-

УХМР со предупредување за можно невреме во голем дел од земјата
-

СЗО: Повеќе од четири напади дневно врз здравствени установи во конфликтни зони во 2026 година
-

Следува период потопло време, со максимални 39 степени
-

Годишните приходи на ОпенАИ би можеле да надминат 40 милијарди долари
