-->
-->
Дуелот со Вардар последен за Пјаца во дресот на Динамо
-->

Еден од најталентираните хрватски фудбалери и член на репрезентацијата на оваа земја Марко Пјаца, потврди дека ќе го напушти Динамо Загреб и дека кариерата ќе ја продолжи во Италија.
„Против Вардар ќе го играм последниот натпревар за Динамо, а потоа се селам во клубот, кој го сакам и за кој навивам уште од мало дете. Името на новиот клуб ќе биде познат во наредните неколку дена. Би сакал да му се заблагодарам на Динамо за тоа што го направи за мене и за остварувањето на мојот сон да играм на „Максимир“. Сега ми претстојат нови предизвици во мојата кариера“, изјави Пјаца, на прес конференција пред меч меѓу Динамо и Вардар, во второто квалификациско коло за Лигата на шампионите.
Иако, Пјаца не сакал да го обелодени името на новиот клуб, сепак хрватските медиуми поитаа да го преселат во Торино, во редовите на актуелниот италијански шампион Јувентус, и тоа за за сума од околу 23 милиони евра, што ќе биде рекорден трансфер на хрватскиот шампион, кој претходно изнесуваше 21 милион евра и тоа за трансферот на Лука Модриќ во англискиот Тотенхем.
21-годишниот Пјаца во 2014 година за милион евра од Локомотива се пресели во Динамо за кој одигра 60 натпревари и постигнато 19 голови, а со својот настап за хрватската репрезентација на ЕУРО 2016 го привлече вниманието на голем број екипи од Европа.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Собранието ја констатираше оставката на уставниот судија Гоце Наумовски
-

Мицкоски: Владата ќе испрати 60.000 литри вода за пиење во Гостивар, од градоначалникот па надолу сите треба да понесат одговорност
-

Гостиварскиот градоначалник не чувствува морална одговорност, го суспендира раководството на ЈП „Комуналец“
-

Акција на Task Force: Прегледани 197 возила и 295 лица, пронајдени 79 пакувања дрога и „Глок 17“
-

40-годишник со употреба на електрошок изнудил 110.000 денари од три жени во Пробиштип
-

Минималните трошоци во јули 68.498 денари, намалени за 156 денари
-

Со дрон и камерите на „Безбеден град“ ги барале исчезнатите кај Блаце, ги пронашле мртви во превртен „Мерцедес“
-

Меси: Шпанија беше подобра
