Дуда: Треба да сме подготвени за уште инциденти

Полска мора да биде подготвена за повеќе инциденти поврзани со руската војна во Украина, предупреди денеска полскиот претседател Анджеј Дуда, цитиран од ДПА.
-За жал, мораме да бидеме подготвени за уште такви инциденти на нашата граница, рече полскиот претседател, мислејќи на ракетата што неделава падна на полска територија.
Дуда беше категоричен дека Полска ќе направи се за да спречи повторување на тоа што се случи, иако во инцидентот не беше можно полската противвоздушна одбрана да реагира и да го собори проектилот, пишуваат полските медиуми.
Полскиот претседател кажа дека ниту една земја во светот нема таков одбранбен систем што може да ја заштити целата нејзина територија, особено толку блиску до границата, ако нема стратешки, критични објекти кои се специјално чувани.
Ново на Сител
-

Teма на денот со Оливер Спасовски
-

25 години од Охридскиот рамковен договор
-

Артан Груби заработи обвинение, се бара и продолжување на домашниот притвор
-

Кој стои зад информациите дека водата во Скопје наводно е небезбедна за пиење?
-

Петрушевски: СДС е како бунар без дно за ширење паника што станува опасно за граѓаните
-

Борозан: Власта веднаш да направи анализи на водата во цела држава и јавно да ги објави резултатите
-

Се чисти депонијата кај изворот Рашче
-

25 години Рамковен договор: Стабилноста се гради со дијалог, а иднината со инвестиции
