Дуда: НАТО мора да дејствува трезвено за да не избие Трета светска војна
– Полскиот претседател Анджеј Дуда ги предупреди сите оние кои бараат поголем ангажман од НАТО и воена помош за Украина, дека Алијансата мора да дејствува трезвено и внимателно за да не избие Трета светска војна.
– Очигледно НАТО не е во војна бидејќи тоа може да значи Трета светска војна. НАТО мора да дејствува трезвено и претпазливо. Путин исто така дејствува претпазливо. Имајте предвид дека тој не ја напаѓа западна Украина, таму нема руски војници, рече полскиот претседател во интервју за провладиниот неделник Сјеќи, пренесува Бета.
Според полскиот претседател, претпазливоста на Путин произлегува од стравот од судир со единиците на НАТО во случај некоја граната да ја премине границата и да удри на полска територија.
– Тоа би значело ставање на сите сили на НАТО во состојба на готовност веднаш. Путин исто така го знае тоа. Дали тоа би значело војна? Денес е тешко да се теоретизира. Ситуацијата во Студената војна се враќа, кога двете страни стравуваа од инцидент што ќе доведе до целосен конфликт, изјави претседателот Дуда.
Полскиот претседател оцени дека од воено-политички аспект Украинците веќе ја добиле оваа војна.
– Ако го споредиме она што го знаеме за руската и украинската армија, ова не требаше да траат долго. Не подолго од два или три дена. Благодарение на храброста, решителноста и искуството на Украинците, тие сепак успеаја да ги спречат Русите. Имаат поддршка – политичка, материјална и морална, но тие се борат „НАТО не е во војна, тие се борат“, рече полскиот претседател.
Ново на Сител
-

Ограбен скопјанец кој побарал помош при вадење на пари од банкомат
-

Тетовец ја нападнал сопругата и ја избркал од дома заедно со трите малолетни деца
-

21-годишно момче со мотор загина во тешка сообраќајка кај Радишани
-

27 пакувања со марихуана пронајдени кај затвореник во Идризово
-

Момче паднало од тобоган и скршило вратен пршлен во Турција, со владиниот авион ќе биде вратено во Македонија
-

Тетовец продал камион за 11.000 евра на рати – останал и без камионот и без парите
-

Активни пожари во селата Могила и Ропотово, горат ниска вегетација и стрниште
-

Димитриеска-Кочоска: Инфлацијата го продолжи трендот на намалување и во јули изнесува 2,3 проценти
