Живот
8. September 2015 - 11:29

Дрогата "Здивот на ѓаволот" ги претвара луѓето во зомби!

Опасна дрога наречена „Здивот на ѓаволот“, ги освои улиците на велика Британија, пишува рускиот медиум „Спутник“.

Според нивните информации дрогата по потекло е од Јужна Америка, каде криминалците ја користат за целосна контрола над луѓето, односно ги лишат од слобода.

Дрогата е во вид на прав, а после конзумирање делува веднаш така што  потполно ја парализира жртвата.

Нејзиното дејство е активно цели 24 часа, а доколку се конзумира во поголеми количини може да предизвика и смрт.