Дрин Ахмети на распит

Внукот на Ахмети кој беше уапсен со полн џип петарди, е повикан на распит во обвинителството. Од таму за Сител велат дека Дрин Ахмети својот исказ за случајот ќе го даде во наредните денови. Во меѓувреме, се собирале и други докази. Од обвинителството појаснуваат дека се испитува потеклото и начинот на кој се набавени стотиците огномети и петарди. Се прибирале материјални и вербални докази, а по исказот на Ахмети, ќе биде донесена и јавнообвинителска одлука.
Според Кривичниот законик, поседувањето распрскувачки материи е кривично дело. Лицето кај кое ќе бидат пронајдени се соочува со парична или затворска казна од една до три години во зависност од бројот на петарди и огномети.
Внукот на Ахмети беше уапсен на 30 декември откако полицијата во неговиот автомобил пронајде 750 пиротехнички средства завиткани во црне вреќи. Тој тврдеше дека петардите и огнометите ги купил за своите внуци, а набавката била легална.
Ново на Сител
-

Анел Фидоски е нов шеф на скопското Обвинителсво
-

Премиерот Мицкоски на Светскиот економски форум во Давос
-

Дебата за надзорната функција на Собранието
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Никола Додевски, адвокат
-

Институциите не кажуваат каде е судијата Ристов, кај кого најдоа 350.000 евра сокриени во ѕид
-

МВР ќе врши калибрација и тестирање на камерите на Сејф сити од утре до крајот на месецот
-

Филипче не гледа напредок кон ЕУ – Владата не ја разбира политиката на опозицијата
