Свет
27. November 2017 - 11:31

Драматично: Вулканот на Бали се разбуди после половина век, се заканува невидена ерупција

Локалните власти на индонезискиот остров Бали издадоа максимално предупредување поради активноста на вулканот Агунг кој со денови исфрла пепел и наложилe евакуација на околу 100 000 луѓе. 

„Степенот на предупредување е подигнат на највисоко ниво“, соопшти националниот центар за вулкани и додал дека се почувствувале потресите на планината Агунг, додека вулканот исфрла пепел до 4 000 метри височина.

Околу 40 000 жители се евакуирани од вторникот кога се зголемени активностите на вулканот, но властите наведуваат дека е зголемена зоната која би била потенцијално загрозена поради што се евакуирани околу 100 000 луѓе.
Меѓународниот аеродром на Бали, низ кој поминуваат неколку милиони туристи годишно е затворен од претпазливост.

Агунг, на околу 75 км од туристичиот град Кута, е активен од август.