Драма во Пробиштип: Поштар кој разнесувал пензии се застрелал

Вистинска драма се одвивала вчера околу 13 часот во Пробиштип. Според податоците од полицијата, во објектот на Македонски пошти во селото Злетово, 31-годишниот Т.Д. вработен во Македонски пошти како доставувач-поштар, додека се наоѓал на своето работното место, се самоповредил со испукување на куршум од својот пиштол марка „Застава” кој легално го поседувал.
Имено, поштарот вршел разнесување на пензии низ селата, при што со себе го зел и пиштолот, во кој ставил рамка со 8 куршуми, го репетирал и го ставил во торбата заедно со парите од пензиите. Кога се вратил во објектот на Македонски пошти, го извадил пиштолот од торбата и се обидел да го вметне во футролата која ја носел на појасот, при што дошло до испукување на еден куршум, кој го погодил во десната потколеница, нанесувајќи му влезно излезна рана.
Повредениот бил пренесен во болница, по што е пуштен на домашно лекување. Увидот е во тек.
Ново на Сител
-

Тешка сообраќајка со 10 повредени
-

Oхрид доби културен информатор
-

Преглед на вестите од светот
-

Почнаа преговорите за владина реконструкција - денеска со ВРЕДИ, утре со ЗНАМ
-

Тема на денот со Ивица Боцевски, поранешен вицепремиер за евроинтеграции
-

Обвинителството бара притвор за осуммина за проневерата на милиони во ФФМ
-

Доктор и медицинска сестра од клинички сакале да шверцуваат ботокс од Република Кореја
-

Почнаа преговорите за владина реконструкција - денеска со ВРЕДИ, утре со ЗНАМ
