-->
-->
Драма во Центар: Со „пасат“ му го удриле „мерцедесот“, па го истепале со дрвени предмети
-->

Во скопски Центар едно лице со своето возило удрил во паркиран автомобил, па потоа заедно со уште еден човек го нападнале сопственикот на паркираното возило.
-Вчера во 19.30 часот во СВР Скопје Н.Р.(31) од Скопје пријавил дека околу 14.30 часот пред угостителски објект на подрачјето на Центар, каде бил паркиран со патничко возило „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, бил удрен од патничко возило „фолксваген пасат“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Ш., со кого се познавал од претходно. Според пријавеното, подоцна бил и нападнат со дрвени предмети од две лица кои биле во возилото, велат од полицијата.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Средба Мицкоски - Пленковиќ во Охрид, ќе бидат потпишани договори за стратешка соработка
-

Со автобус во првиот квартал превезени 9.348.000 патници
-

Потпишан меморандум за соработка помеѓу ЦУК и УХМР
-

Премиерот Мицкоски го пречека хрватскиот колега Пленковиќ
-

Трамп изјави дека збогатениот ураниум на Иран ќе биде уништен
-

Потпишан меморандум меѓу Фондацијата „Фросина Кулакова“ и МВР за безбедност во сообраќајот
-

Американската војска соопшти дека извршила напади во јужен Иран
-

Њујорк избори финале во плејофот на НБА
