Драгица од Ниш цела година порекнува дека е почината
– Драгица Рашиќ од Ниш веќе една година доживува непријатности поради потврдата за смрт со нејзиното име и фотографија, придружена со навредлив текст, која се споделува на социјалните мрежи.
Во текстот на „посмртницата“, меѓу другото, се вели дека ја испуштила својата „погана душа“, погребот ќе биде на гробиштата во Долна Врежина и дека „таа ќе гори во пеколот“. Старицата изјави дека сè почнало пред една година кога на столбот близу нејзината куќа осамнал лажниот документ, за којшто сè уште не знае кој го испечатил и залепил.
– Еден сосед ми се јави, ми рече дека мора да ми покаже нешто. Ме однесе кај бандерата и ми го покажа „известувањето“ со мојата слика и име. Бев изненадена кога го видов, го искинав и запалив, но останаа сликите во телефоните, раскажува бабичката која е на прагот од своето деветто десетлетие од животот.
Поради тој плакат, роднини и пријатели се јавувле на нејзиното семејство, сопругот и ќерка ѝ за да прашаат – дали е навистина почината?
– Внуката, инаку студентка, многу плачела кога ја видела сликата, па ќерка ми едвај ја смирила, вели Рашиќ. Таа рече и дека пријавиле в полиција, но ништо не помогнало.
Ново на Сител
-

СП2026: Франција ја освои групата, Сенегал остана во игра за нокаут фазата
-

Усик се откажа од сите шампионски појаси, но не ја завршува кариерата
-

Трамп најави американски одговор по иранскиот напад врз трговски брод, американската војска потврди напади врз Иран
-

Зеленски: Украина е подготвена за преговори, но Русија мора да го направи првиот чекор кон мирот
-

Завршија општите претреси на предлог-законите од 106. седница, гласањето ќе биде дополнително закажано
-

Сончево и топло, до 38 степени
-

Прекин на сообраќајот на патот Прилеп–Градско кај Ореовец поради превртено товарно возило
-

„Мерцедес“ ги крати трошоците поради неконкурентност, „Фолксваген“ пред затворање фабрики и укинување 100.000 работни места
