Досега бесплатен одмор за 12 илјади деца од социјални семејства

Од почетокот на реализација на проектот за бесплатен одмор за деца од социјално ранливи категории околу 12 илјади деца ја искористиле оваа услуга што им ја овозможува државата. Во наредните два месеци на бесплатен летен одмор ќе заминат 2.000 деца.
- Годишно финансираме беспалтен одмор на децата од семејствата коишто се приматели на социјална парична помош, децата од семејства коишто се приматели на посебен додаток односно децата со пречки во развојот како и за децата без родителска грижа или пак децата од многудетните семејства коишто се во потешка материјална состојба. Околу 2.000 дечиња на годишно ново 2012 па наваму одат на бесплатен летен одмор во летните центри во РМ на некои од езерата најчесто во Охрид и Струга, додека околу 1.000 дечиња на годишно ниво одат на бесплатен зимски одмор, информираше министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, одговарајќи на пратеничко прашање.
Од 2012 досега 12 илјади деца заминале на бесплатен одмор. Проектот, појасни министерот продолжува и натаму, и ова лето услугата ќе ја искористат уште 2.000 деца.
- Очекуваме од почетокот на следниот месец односно почетокот на јули првата група да започне да го искористува бесплатниот летен одмор и некаде од крајот на месец август во Струга на бесплатен летен одмор да отидат околу 2.000 дечиња од социјално загрозени категории на семејства, рече министерот за труд и социјална политика.
Најави дека овој проект ќе продолжи да се реализира и во иднина.
Ново на Сител
-

Мицкоски денеска на средба со ЗНАМ, реконструкцијата готва до 1 јули
-

Уметници од Mакедонија, Бугарија и Грција вечерва во изведба на “Кармина Бурана” во Скопје
-

Мицкоски најави нова средба со маркетите за пониски цени на храната
-

Прилеп доби 8.320 канти и 126 контејнери за селекција на отпад како и 3 нови возила за собирање на отпад
-

Импортиран случај на зика во земјата, заболениот Македонец бил на Малдиви
-

Во Преспа се одржа трката „Prespa run and fun“, спортски настан чија цел е промоција на овој крај
-

Тешка сообраќајка со 10 повредени
-

Oхрид доби културен информатор
