Домашен притвор за возачот кој вчера прегази дете во Влае

По добиената кривична пријава против возачот на камионот кој вчера удри во 11 годишно девојче, во момент кога тоа се обидувало да ја премине улицата, денеска надлежниот јавен обвинител до судија на претходна постапка поднесе Предлог за определување на мерки за претпазливост – забрана за напуштање на живеалиштето, односно престојувалиштето, обврска на обвинетиот да се јавува повремено на определено службено лице или кај надлежен државен орган, привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница, односно забрана за нејзино издавање и забрана за преземање на определени работни активности кои се поврзани со кривичното дело.
Судијата на претходна постапка го уважи предлогот на јавниот обвинител и со Решение ги определи предложените мерки за претпазливост. Возачот се товари за сторено кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот. Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Скопје, вчера изврши увид на местото на трагичниот настан. При увидот заради првично утврдување на причините, по наредба на јавниот обвинител на местото на настанот се повикани судски обдуцент и овластен судски вештак за сообраќај. Во исто време, надлежниот јавен обвинител издаде низа наредби – за анализа на крв и урина на учесниците во сообраќајната незгода, за утврдување на биолошки и други механички траги останати на возилото, фотографирање на местоположбата на возилото и жртвата, како и Наредба за вонреден технички преглед на камионот и Наредба за обдукција на починатото лице заради утврдување на причините на смртта.
За потсетување, несреќата се случи вчера попладне околу 15 часот и 30 минути, на пешачки премин, на раскрсницата меѓу улиците „Адолф Циборовски", „Ангел Динев" и „Стефан Филиповиќ", во скопската населба Хром. Лекарите од брзата помош констатирале смрт. Малото девојче кое почина ја зави Македонија во црно.
Ново на Сител
-

Екипажот на „Артемис“ вечерва се враќа на Земјата: критичен момент при влез во атмосферата
-

Пациентите со дијабетес алармираат за недостиг од терапија и сензори
-

Тема на денот со Владо Мисајловски, министер за одбрана
-

Велигденски поскапувања
-

Цените на нафтата повторно растат, Иран обвини дека договорот за примирје не се почитува
-

Израелските напади на Либан го загрозуваат примирјето меѓу САД и Иран
-

Инспекција не стигнала до „Пулс“ пред трагедијата, објектот бил затворен, новата фирма без надзор
-

Токсиколошките анализи се направени и ќе бидат презентирани во судска постапка
