Дојче веле: Пет необични ставки во германскиот коалициски договор

Во вчера потпишаниот договор за формирање коалициска влада во Германија, освен стандардните теми, има и необични ставки, наведува Дојче веле.
Во документот на 117 странички се наведува се што владата планира да направи за време на својот мандат, а меѓу планираните проекти има и неколку необични.
Новата германска влада планира да воведе финансиска помош за користење домашни услуги за самохраните родители, за постарите лица или за оние кои негуваат членови на семејството. Тоа подразбира дека владата ќе плаќа чистење на домовите на оние кои не можат сами да чистат или се под подтојан временски притисок.
Со коалицискиот договор се предвидува поттикнување на развојот на лозарството, посебно на падините, а се планира и ознаките за потекло на германските вина да бида меѓународно заштитени.
Идната влада сака да ја поддржи иницијативата за е-спортот да стане олимписка дисциплина, што значи и развој на електронскиот спорт.
Германската влада, исто така, ќе побара Европската комисија да го преиспита статусот на волците како заштитени видови, а потоа да се одредува во кои ситуации волковите смеат да се убиваат заради заштита на луѓето или стоката.
Во документот е искажана и загриженост околу исхраната на Германците и бидејќи владата не може да ги натера луѓето да јадат повеќе зеленчук и овошје, ќе биде развиена Национална стратегија за редукција, чија цел е намалување на шеќерот, солта и маснотиите во пиците, супите од кесичка и слично.
Претседателите на партиите на новата демохристијанска-социјалдемократска коалиција вчера во Берлин потпишаа договор и воедно најавија брзо остварување на политичките цели содржани во договорот за формирање коалициска влада на Германија. Договорот, составен на 117 странички, во комплексот на Будестагот во Берлин го потпишаа претседателката на Христијанско-демократската унија (ЦДУ) Ангела Меркел, лидерот на сестринската ЦСУ Хорст Сиховер и претседателот на СДП Олаф Шолц.
Според најавите, в среда, Парламентот четвртипат ќе ја избере Меркел за кацелар, по рекордни 171 ден откако беа одржани изборите. Новите министри се очекува да положат заклетва во текот на неделава.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Очекувам во јунскиот извештај да бидеме најдобри исто како во декемврискиот, има уште време за разговори со опозицијата за Изборниот законик
-

Рокас: Навистина гледам забрзување на реформите, измените на Изборниот законик се добри и се надевам дека партиите ќе постигнат консензус
-

Мицкоски: Очекувам реалната нето-плата и годинава да биде во позитива, во 2024 година растот беше над 12 отсто, а во време на СДСМ беше во негатива
-

ЦУК: Три активни пожари на отворен простор во земјава до 13:00 часот
-

Силен ветер го разгорува пожарот кај Неокази во Пробиштипско, зафатени две куќи, жителите евакуирани
-

Пожар на Исар во Штип, загрозени куќи – се бара воздушна поддршка
-

Над 400 монети откриени на локалитетот Градиште кај Битола, меѓу нив и од Филип II и Александар Велики
-

Струмица ќе подигне спомен обележје во чест на загинатите пилоти од Хеликоптерската единица на МВР
