Македонија
20. February 2023 - 12:40

Дојава за бомба на Меѓународниот аеродром „Скопје“

Дојава за поставена експлозивна направа утрово стигнала и на Меѓународниот аеродром „Скопје“, соопшти МВР.

- Добиена е пријава за испратена закана и до аеродромот во Скопје, каде се во тек се антитерористички проверки, посочуваат од полицијата.

Претходно, на електронските адреси на 10 училишта во Скопје и четири во Прилеп, претпладнево пристигнале закани за поставени експлозивни направи, информира МВР.