Договор за соработка меѓу министерствата за финасии на Холандија и Македонија

Министерството за финансии на Македонија и Министерството за финансии на Холандија потпишаа договор за меѓусебна соработка со кој ќе ја прошират соработката преку размена на знаења, искуства и информации за политиките кои се спроведуваат.
Со договорот што го потпишаа министерот за финансии Драган Тевдовски и холандскиот министерот за финансии Хероен Дајслблум се предвидуваат програми за обуки, студиски престои, работилници и сл. Освен соработка преку пренесување на know-how, Холандија преку договорот ќе обезбеди и финансиска поддршка за обуки и други трошоци.
Како што информираат од македонското Министерство за финасии, и двете страни ги истакнале блиските билатерални односи помеѓу Македонија и Холандија, како и потребата од развој на соработката и на техничко ниво помеѓу министерствата за финансии.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Игор Митревски, инженер за сообраќај
-

Од утре се очекува значителен пад на цената на горивата
-

Разговорите за владината реконструкција продолжуваат
-

„Кармина Бурана“ ги обедини Скопје, Софија и Солун
-

Живот на батерии до трансплантација на срце
-

Подружница „Македонски пошти“ - Прилеп доби 4 нови возила
-

Нова авиолинија Виена - Охрид
-

Реорганизација и оптимизација на образовниот процес во Штип
