Македонија
15. September 2017 - 12:56

Договор за соработка меѓу министерствата за финасии на Холандија и Македонија

Министерството за финансии на Македонија и Министерството за финансии на Холандија потпишаа договор за меѓусебна соработка со кој ќе ја прошират соработката преку размена на знаења, искуства и информации за политиките кои се спроведуваат.

Со договорот што го потпишаа министерот за финансии Драган Тевдовски и холандскиот министерот за финансии  Хероен Дајслблум се предвидуваат програми за обуки, студиски престои, работилници и сл. Освен соработка преку пренесување на know-how, Холандија преку договорот ќе обезбеди и финансиска поддршка за обуки и други трошоци.

Како што информираат од македонското Министерство за финасии, и двете страни ги истакнале блиските билатерални односи помеѓу Македонија и Холандија, како и потребата од развој на соработката и на техничко ниво помеѓу министерствата за финансии.

Ново на Сител