Доделени наградите од конкурсот „Тебе, граду мој“

Во Европската куќа во Скопје денеска беа доделени наградите од конкурсот за новинарски текстови „Тебе граду мој“, што се организираше во рамките на манифестацијата „Денови на европско Скопје“, која се одржува под покровителство на Град Скопје, Дирекцијата за култура и уметност на Скопје со поддршка на Делегацијата на Европската Унија.
Повод за годинашниот есеј беше 75-годишнината од ослободувањето на Скопје, а меѓу пристигнатите 12 текстови, беа избрани пет. Согласно одлуката на Жирито првонаграден е новинарот Тони Димков, второто место е за новинарката од МТВ Анита Никушева, а трето место за Тони Цифровски новинар во Македонското радио, наградени се и Јасмина Никова од утринската редакција на МТВ и Светлана Блажевска од Вечер.

Наградите ги врачи и пред присутните новинари се обрати амбасадорот на Европската Унија, Самуел Жбогар, кој истакна дека денешниот настан е прв од областа на културата кој се одржува во Европската куќа – просторот кој порано беше познат како ЕУ-инфо центар, замислено да биде како место каде ќе се одвиваат и културни настани и каде повеќе ќе доаѓаат младите луѓе.
– Оваа Европска куќа треба да биде хаб каде ќе доаѓаат младите луѓе, да се среќаваат, да учат, да гледаат европски филмови, место каде ќе се запознаат со европската култура, ќе креираат, ќе откриваат и ќе се забавуваат. Младите се на некој начин и помалку наивни, но нивниот светоглед е кристално чист и јасен, за разлика од нас постарите, кои сме малку нејасни, полни со цинизам и гледаме поразлично и помагловито на работите. Треба сите ние да ги слушаме нивните идеи и сугестии за можните решенија. Едно од тие прашања е миграцијата, заминувањето на младите луѓе. ЕУ ќе се обиде да им обезбеди основа за да останат во земјата, рече амбасадорот Жбогар кој, вели, по три години минати во Скопје веќе се чувствува како Скопјанец и со задоволство ќе ги прочита наградените есеи.

Директорот на Дирекцијата за култура и уметност на Скопје, Никола Глигоров на свеченоста додели и благодарници на медиумите кои придонесоа кон афирмацијата на работата на Дирекцијата, меѓу кои и на МИА.
Ново на Сител
-

Владата подготвува можност за откуп на стаж
-

Сали: Се прават напори за усвојување на Изборниот законик
-

Купувајте домашно од мали земјоделски стопанства, не индустриски производи со сомнителен увозен квалитет
-

Околу 1300 интервенции на спасителите на вода ова лето
-

ИПР бара трајно решение за кучињата скитници
-

Преглед на вестите од светот
-

Панел дискусија „Повеќе учество - повеќе демократија“
-

Teма на денот со Сања Божиновска, министерка за енергетика, рударство и минерални суровини
