ДКСК: По 13 години е планирана ревизија на регуларност на финансиските извештаи на Владата
– Во насока на зајакнување на интегритетот на институциите и зголемување на нивната транспарентноста, радува фактот што Државниот завод за ревизија во Годинашната програма за работа на ДЗР за 2022 година по 13 години е планирана ревизија на регуларност на финансиските извештаи на Владата, соопшти денеска Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК).
– Борбата против корупцијата и судирот на интересите е можна само преку заедничка соработка на сите институции. Од друга страна ревизијата на работењето на сите институции само ќе ја зголеми нивната транспарентност и интегритет во општеството, стои во соопштението.
Комисијата за спречување на корупција и судир на интереси, како што се наведува, ќе ја интензивира и понатаму соработката со сите релевантни институции, бидејќи само со заеднички залагања можеме да очекуваме поголеми резултати.
Ново на Сител
-

Експерти: Промената на власта во Унгарија нема да влијае на односите со македонската влада
-

Тема на денот со Илија Димовски, поранешен пратеник
-

Поевтинуваат горивата
-

По промените, Филипче бара ревизија на договорите на Мицкоски со Орбан
-

Вицепремиерот за европски прашања очекува позитивен извештај од ЕК
-

Предметот „Талир 2“ доби нов јавен обвинител
-

Поранешната антикорупционерка Димитровска не се чувствува виновна
-

МВР најави 24 часовен „радарски маратон“
