Дизелот поскапува за два денара
Дизел горивото од ноќеска на полноќ поскапува за два денара за литар, а цените на останатите горива остануваат исти, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,53 отсто.
Новата малопродажна цена на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе изнесува 78 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС - 95 и понатаму ќе се продава за 81,5, ЕУРОСУПЕР БС - 98 за 83,5, а Екстра лесното масло за горење (ЕЛ-1) за 77 денари за литар, додека цената на Мазутот М-1 НС останува 41,266 денари за килограм.
Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 1,301 отсто, кај дизелот за 3,867, кај екстра лесното масло за 1,667 и кај мазутот за 1,424 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период е повисок за 0,075 отсто.
Ново на Сител
-

Рокот на концесионерот истече, блатинчани бараат стоп за изградба на хидроцентралата
-

Хoџа: Во тек е реализација на првата фаза за изградба на регионална депонија
-

Средношколците од Струмица ќе ги обновуваат клупите во градскиот парк
-

Кој го понесува најголемиот удар од блокирањето на Ормутскиот теснец?
-

Тема на денот со Ана Павловска Данева, Уставна судијка
-

ОЈО оформи предмет за Центарот за социјални работи по трагедијата во Карпош
-

Пиштол вперен кон сопругата, нападната ќерка - тројца мажи уапсени за семејно насилство
-

САД и Израел ги интензивираат нападите врз Иран, војната влегува во седмиот ден
