Директорот на Фајзер: Интензивно работиме на годишна вакцина

Потребна ни е годишна вакцина и интензивно работиме на тоа, вели извршниот директор на „Фајзер“ Алберто Бурла во интервју за грчкиот весник „Катимерини“, јави дописничката на МИА од Атина.
-Во овој момент, во средина со „Омикрон“ не е сигурно дека имунитетот од постоечката вакцина ќе трае една година, дури и по четвртата доза. Не е сигурно ниту за новата вакцина која ќе ги покрие сите мутации. Но, знаеме што можеме да направиме за да создадеме годишна вакцина. И на овој дел работиме многу интензивно, истакна извршниот директор на „Фајзер“.
Дополнително изрази надеж дека набргу ќе биде готова новата вакцина што ќе ги покрива и мутациите и додаде дека е реална целта тоа да се случи пред следната зима.
Говорејќи за третата и четвртата доза, рече дека постои огромна разлика меѓу оние кои не примиле бустер доза, за која истакнува дека дефинитивно е потребна, но и ако е поминато многу време по третата, треба да се прими и четврта доза.
Тој истакна дека следната година животот на луѓето ќе биде блиску до нормалата пред пандемијата, објаснувајќи дека тоа не е само поради вакцините или фактот дека луѓето се уморни, туку затоа што сега постојат терапии, кои не се однесуваат само на последните фази, односно тешко болните.
– Веќе имаме терапии за сите. Ако се разболиш од Ковид, можеш да земеш апче и да избегнеш болница, каде што веќе ќе се прима еден од десет што се хоспитализираат сега. Разликата е огромна и во голема мера ќе ги намали сериозноста на симптомите, приемите во болница и смртните случаи, вели Бурла за „Катимерини“.
Ново на Сител
-

Откриена голема римска бања кај прилепскиот локалитет „Долиште“ - кој антички град се крие тука?
-

21 јуни - Денот на охридското езеро
-

Потребен национален систем за управување со земјоделската пластика
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Златко Кузманов, експерт за безбедносни политики
-

Скопска парада 2026
-

Мицкоски денеска на средба со ЗНАМ, реконструкцијата готва до 1 јули
-

Уметници од Mакедонија, Бугарија и Грција вечерва во изведба на “Кармина Бурана” во Скопје
