-->
-->
Димитров од Талин: Македонија е важна за стабилноста на регионот
-->

Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска во Талин на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ и земјите кандидати за членство во Унијата порача дека Македонија е важна за стабилноста на регионот.
На состанокот, шефот на македонската дипломатија подвлече дека Република Македонија и земјите од регионот ги споделуваат истите заеднички предизвици со ЕУ во однос на радикализацијата, насилниот екстремизам и тероризмот.
- Интеграцијата на нашиот регион во ЕУ е исклучително важна за безбедноста на Европа. Насилниот екстремизам, радикализам и тероризам не познава граници. Затоа, нашиот заеднички одговор мора да биде единствен и целосно координиран, истакна Димитров. Ова, како што соопшти МНР, било поздравено од другите учесници на состанокот.
Дискусиите на состанокот беа фокусирани на спречувањето и борбата против радикализацијата и насилниот екстремизам, како и на заедничките безбедносни предизвици за земјите членки на ЕУ и земјите кандидати.
Министерот Димитров учествува на состанокот во Талин на покана на високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Федерика Могерини и министерот за надворешни работи на Естонија, Свен Миксер.
На маргините на состанокот министерот Димитров остварил билатерална средба со еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, на која го запознал за досега постигнатото во првите 100 дена од Владата. Еврокомесарот, како што информира МНР, го поздравил напредокот и дал поддршка на процесот, како и на европските чекори и добрососедството на новата надворешна политика.
Министерот Димитров на покана на заменик-министерот на Естонија надлежен за европски прашања, Мати Масикас учествувал и на работниот ручек со земјите-кандидати, на кој се дискутирало за политиката на ЕУ за проширувањето и статусот на реформи во земјите кандидати. Во духот на неформалниот карактер на состанокот, Димитров остварил разговори и со колегите од Бугарија, Грција, Холандија, Велика Британија и Словенија.
Министерот Димитров изразил благодарност на естонското претседателство за поддршката кон политиката на ЕУ за проширување, додавајќи дека оваа политика на Унијата треба да се смета како комплементарно средство на нејзината безбедносна политика. Димитров ја реафирмирал заложбата на Македонија за постигнување суштински напредок во имплементацијата на реформите, со цел отворање на патот кон отпочнување на пристапните преговори за членство во ЕУ
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Аеродромот на Сицилија затворен поради активност на вулканот Етна
-

СП 2026: Трамп призна дека побарал од Инфантино да го разгледа исклучувањето на Балогун
-

Над 130.000 казни од почетокот на „Safe City“, 95% од нив за брзo возење
-

Цената на дизелот се зголемува за 2,5 денари, на бензините за еден денар
-

Водата во Скопје е безбедна за пиење
-

Уапсени две лица за пожарот кај „Рампа“ – повреден пожарникар и оштетени две противпожарни возила
-

Уапсен велешанец поради предизвикување пожар во Долно Оризари
-

Уапсени 11 лица кај кои е пронајдена дрога, при претрес во Затвор Идризово кај осуденик пронајдени таблети
