Димитров од Помпео доби поддршка за Македонија во НАТО

Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска во Вашингтон имаше официјална средба со државниот секретар Мајк Помпео, во текот на која неговиот американски колега даде силна поддршка Македонија наскоро да стане 30-та членка на НАТО.
- Ова е многу важен момент за македонската дипломатија. Со државниот секретар Мајк Помпео денеска имавеме средба што силно охрабрува, изјави Димитров за МИА.
Тој додаде дека тајмингот на средбата е од огромна важност.
- Како што е познато, фокусирани сме на домашните задачи. Потребна е победа на референдумот кој ќе го потврди Договорот што го постигнавме со нашите пријатели од Грција. Македонија има намера да стане рамнопрвна членка на воената алијанса, и нашите американски партнери даваат целосна поддршка во тоа, изјави Димитров.
Укажа дека со вакви охрабрувачки ноти од САД утре се враќа во Македонија лично да ја пренесе пораката до македонскиот народ.
Како што јави дописникот на МИА од Вашингтон, министерот за надворешни работи најави активна кампања во пресрет на рефернедумот во која преку медиумски и онлајн контакти со јавноста ќе појасни за историската важност на Договорот со Грција и влезот на Македонија во НАТО.
Во изјава за МИА, помошникот државен секретар за европски прашања, Вес Мичел, го поздрави својот македонски колега за успешниот Договор помеѓу Македонија и Грција постигнат во Преспа.
- Како еден од архитектите на Договорот, министерот Димитров играше критична улога во целиот процес. САД силно ги поддржуваат напорите на македонската Влада. Ја цениме улогата што Димитров ја игра во целот процес и САД пожелуваат и се надеваат на успешен референдум, изјави Мичел за МИА.
Ново на Сител
-

ЕУ едногласно ја потврди поддршката за Украина и ги продолжи санкциите против Русија
-

Речиси сите патници од крузерот зафатен со хантавирус пуштени од карантин во Холандија
-

Одземено „Порше“ – приведен возач од Србија кој управувал со 188 километри на час
-

Сончево и топло, попладнe можен краткотраен пороен дожд
-

Руте: Словенија, Албанија и Чешка не ја исполнија целта на НАТО за одбранбени трошоци
-

Николоски-Баша: Изградбата на автопатот Скопје – Блаце е клучна за економската соработка меѓу Македонија и Косово
-

СП 2026: Нејмар нема да настапи против Хаити
-

СП 2026: Роналдо повикува на фокус на следниот натпревар
