Димитров на инаугурација на групата „Пријатели на Македонија“ во ЕП

Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска во Брисел ќе учествува на инаугурацијата на Групата „Пријатели на Република Македонија" во Европскиот Парламент.
Групата „Пријатели на Република Македонија“ е неформална група составена од пратеници во ЕП од различна политичка провиниенција, која во променет и проширен состав по пауза од речиси три години, ја обновува својата работа.
Групата е замислена како своевиден форум на обезбедување поддршка на Република Македонија во нејзините европски аспирации и цврста потпора на нејзиниот европски пат.
Како што соопшти МНР, Димитров ќе има излагање на инаугурацијата во кое ќе се осврне на актуелниот момент во односите меѓу Европската Унија и Република Македонија. Шефот на дипломатијата ќе оствари и повеќе одвоени средби со пратеници во Европскиот Парламент.
Ново на Сител
-

Нов случај на врсничко насилство, прободено 12 годишно момче
-

Пожарите изгаснати, штетите огромни
-

Расправа за ребалансот
-

Над 5.000 граѓани се пријавиле за мерката самовработување, во Прилеп досега пријавени 316
-

Трамп со пораки од Маунт Рашмор
-

Инспекцијата утврдила повисоки маржи во дел од маркетите, Мицкоски вели дека тоа нема да го толерира
-

Златни денови на Кратово
-

Тема на денот со Татјана Алексиќ, професорка
