Димитров - Гремингер: Поддршка од ОБСЕ за реформската агенда на Владата

- Актуелните и идните активностите на Владата, со посебен акцент на Акцискиот план 3-6-9, кој влегува во втора фаза на имплементација биле тема на денешната средба на министерот за надворешни работи Никола Димитров со генералниот секретар на ОБСЕ Томас Гремингер, кој престојува во прва посета на Македонија, по преземањето на функцијата во јули 2017 година.
Како што соопшти МНР, Димитров при тоа ги изложил приоритетните области во кои се насочени напорите за дејствување и подобрување на состојбите, и тоа: владеење на правото и судството, човековите права и слободата на медиумите, како и изборното законодавство, каде препораките и поддршката од ОБСЕ се добредојдени.
Од своја страна, генералниот секретар Гремингер, изразувајќи задоволство од текот на посетата, упатил пофалба за надминување на политичката криза, и изразил поддршка од ОБСЕ за реформската агенда на Владата.
- Иако ОБСЕ е организација која генерално има мандат за менаџирање на предизвици, во актуелниот македонски контекст е подготвена да разгледува начини за искористување на поволни прилики и зграпчување на позитивниот момент за демократскиот развој на државата, истакнал Гремингер. Тој при тоа го акцентирал задоволството од изнесениот позитивен наратив, ветувачкиот реформски пат и визија за иднината и изразил охрабрување.
Во разговорите соговорниците се осврнале на конкретните области и начините со кои ОБСЕ може да даде свој придонес и поддршка на демократските реформски процеси, како и на идната соработка и активности во рамките на ОБСЕ, стои во соопштението
Ново на Сител
-

Пијан велешанец ја нападнал мајка си и ѝ го скршил мобилниот телефон
-

26-годишник живеел во вонбрачна заедница и силувал малолетно девојче повеќе од една година
-

Сообраќајка помеѓу 4 автобили во Скопје, повредени повеќе лица
-

Штрајк на грчките цариници во понеделник, товарниот сообраќај во прекин
-

Муцунски: Нема информации за закани кон Македонија поради поддршката на американските операции во Заливот
-

Трамп се закани со сериозна воена одмазда против Иран и Хутите како негови сојузници
-

Кавадарчанец осомничен дека измамил кумановка за 9.000 евра со ветување за странски пасош | ФОТО
-

Собранието избира министер без ресор, Мицкоски порача дека институциите се отворени за сите со знаење и подготвеност за одговорност
