Димитриевски: Местото на жената е кадешто се носат одлуките, да ги надминеме родовите стереотипи
Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски упати честитка по повод Меѓународниот ден на жената 8 Март потенцирајќи дека местото на жената е кадешто се носат одлуките и потребно е да се надминат родовите стереотипи.
„Почитувани дами, од мое лично име и од името на Општина Куманово Ви го честитам денешниот Ден на жената-8 Март! Жената е столб на семејството во секое општество, која треба да се почитува секој ден. Ви посакувам секојдневно внимание и љубов од најблиските, затоа што Вие тоа го заслужувате. Среќни сме што жените се активно вклучени во сите процеси на креирање на локални политики и носење одлуки со цел развој на Општина Куманово. Во Советот е запазена родовата еднаквост, претседателката на Советот на Општина Куманово е жена, имаме жени раководителки на 4 многу значајни сектори во Општината и секогаш се залагаме за целосна еднаквост помеѓу мажите и жените. Ова е нашето заедничко општество кадешто мораме да бидеме еднакви, затоа што само на овој начин можеме да одиме заеднички напред. Местото на жената е кадешто се носат одлуките!“, се вели во честитката на Димитриевски.
Ново на Сител
-

ДЗС на терен во поплавените региони, се расчистуваат куќи и дворови
-

Минатата седмица санкционирани 117 непрописно паркирани возила на територија на Центар
-

Апел за помош: Исчезнат е Виктор Илиевски од Прилеп
-

Мицкоски: Реконструиран дел од локалниот пат Драчево – мотел „Китка“, се создават услови за локален развој
-

Повисоки критериуми за добивање субвенции и засилени контроли на корисниците, најави министерот Трипуновски
-

Поплави во делови на северна и западна Грција, но и на островите Крф, Хиос и Лезбос
-

Megawin.mk - единствената легална интернет-платформа што одговорно ја претвора среќата во забава
-

Нападите со украински беспилотни летала предизвикаа прекини во електричната енергија во рускиот регион Брјанск
